Webp.net gifmaker

Отворање на рудниците за јаглен во Живојно и Мариово, ќе предложи ВМРО-ДПМНЕ како еден од начините за да се зголеми производството на електрична енергија на РЕК „Битола“. Ова го откри Елена Маркова Велинова, претседател на Централната комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на трибината „Каде оди енергетиката во Македонија?“

„Ако немаме младина, немаме ниту перспектива како држава. Токму затоа, приоритет на оваа Влада е како да ги задржи младите во државата, а со нашето евроатланско интегрирање се отвораат многу перспективи за нив“, рече државниот секретар во МНР Виктор Димвски, на денешната трибина „Младите мост на европските перспективи“ што се одржа во организација на СДММ од Битола.

Проектот за изградба на прочистителна станица во Битола, ќе започне годинава, а градежните работи ќе завршат до 2021 година. Средствата се обезбедени преку фондовите на ЕУ, рече министерот за финансии Драган Тевдовски, на денешната трибина   „Фер општество, шанса за сите“ што се оджа во Битола. 

По повод Денот на Македонската револуционарна борба, 23 Октомври, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ-Битола, утре, вторник,  ќе организира трибина за формирањето, делото и значењето на Македонската револуционерна организација.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани