2win800x200

 

 
По повод 11 Октомври, Денот на револуцијата,   денес во името на ОО на СБМ-Битола  пред Споменикот на револуцијата цвеќе положи   претседателот, Стефан Бошков, на Партизански гробишта, членот на претседателство, Јонче Лајмановски, а пред споменикот во с.Лавци, потпретседателот,  Данка Јанковска.

Делегација на ОК ВМРО-ДПМНЕ денеска положи свежо цвеќе и им оддаде почит на хероите, пред споменикот на НОАВМ во Битола.

Делегација на битолскиот огранок на #СДСМ предводена од претседателот, Драган Крајовски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на споменикот на НОАВМ во центарот на Битола и споменикот на паднатите борци 1941-1945 во село Лавци.

 
-Слава им на хероите од НОБ кои ја донесоа слободата и со својата жртва ги поставија темелите на македонската државност! Обновените споменици од НОБ ја одразуваат нашата почит за нивното дело и посветеност кон заштита на културното наследство.  
Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание! Нека ни е честит 11 Октомври, историскиот чин што ни ја донесе државноста, слободата и независноста! Слобода. Државност. Непокор, се вели во честитката на битолските социјалдемократи
 
FB IMG 1697036362035
 
FB IMG 1697036370154
Страница 1 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани