Со онлајн концерт насловен „Бетовен во Битола“ Здружението за македонско-германско пријателство од Битола се вклучи во чествувањето на 250 годишнината од раѓањето на големиот светски композитор Лидвиг ван Бетовен. Воедно Здружението испрати и честитка за големиот јубилеј до „Бетовен музејот“ во родниот град на композиторот Бон.

„Рихар Вагнер рекол јас верувам во Господ, Моцарт и Бетовен, вербата во нив и големиот јубилеј 250 години од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен беа повод Здружението за македонско-гермaнско пријателство и соработка од Битола да организира концерт. При ваквите јубилеи два аспекта се важни: новата средба со новното дело и новата радост од она што го створиле и ни го подариле. Да отсвириш погрешна нота е незначително, да свириш без страст е неопростливо, рекол Бетовен. Нашите уметници со страст ги свират и ги пеат неговите дела“, рече Валентина Илиева, претседател на Здружението.

На концертот кој траеше еден час настапија уметниците Бобан Рајчиноски тенор, Марина Коруновска мецосопран, Фросина Макаловска сопран и Маја Митровска сопран во придружба на искусната  пијанистка Татјана Божиновска и помладите пијанисти  Ксенија Поповска, Андреа Николовска и Арсениј Ангелевски.

Концертот може да се погледне на веб страницата на Здружението www.zmgps.org.mk како и на нивниот јутјуб канал.

Погледнете го концертот:

https://zmgps.org.mk/?page_id=1131&fbclid=IwAR0DPDyqP6oJXYEM9UACM6g6kJBvrPCYZSOzYu5kRrG11iB96pZL6IBJsMM&lang=de

 

 

Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола успешно спроведе онлајн работилница на германски јазик „Stationenlernen zu Leben und Werk von Johann Sebastian Bach“ ( Учење за животот и делото на Јохан Себастијан Бах). Во работилницата учествуваа 33 ученици од Средното музичко училиште кои го изучуваат германскиот јазик, три професорки по германски јазик активни членов во Германското здружениие и еден професор од Музичкото училиште.

Со подготовки и осмислување на проектот, координирано се започна уште од летотото. Здружението обезбеди литература за професоритеза да можат да ја подготват работилницата. Се пребаруваше и консултираше бројна литература за великанот Јохан Себастиан Бах, а потоа се изработија информативни фолдери за фамилијата на Бах, неговото детство, младоста, образованието, семејниот живот – неговите жени и деца, првите негови дела, „добро темперираниот клавир“, неговата љубов кон оргулата, цитати и на крај за последните години од неговиот живот, како и работни листови за неговиот живот и дело.

На самата работилница најпрво се обрати претседателката на Здружението д-р Валентина Илиева истакнувајќи ја важноста на овој голем јубилеј за великанот Ј. С. Бах кој потекнувал од најголемото музичко семејство во светот. Таа потсети на неколку интересни факти за Бах од неговото детство, за големата љубов кон музиката.

„Бах како 10 годишно момче тајно ги препишувал комплицираните композиции од тринаесетгодини постариот брат и како млад музичар патувал пешки и по 350 км само за да присуствува на концерт на Јохан Рајнкен. Понатаму, на негова 18 годишна возраст бил страв и трепет за големите мајстори на оргуљи. Мартин Лутер рекол: ‘Јохан Себастијан Бах е соврешенство, тој е господар на нотите а нотите го прават она што го сака Бах’. И великанот Лудвиг ван Бетовен рекол: ‘Бах не требаше да се вика Бах (поток), туку море’. А трите најважни мисли на Бах се: ‘Сè што треба да се направи е да се притисни точната дирка во точен момент’. ‘Со целата музика треба да се слави Бога и да се радуваат луѓето. Кога со својата музика не се слави Бога, музиката станува ѓаволска бучава и врева.’ ‘Кому уметноста му значи живот, нему животот му е уметност’, рече Илиева на работилницата.

Здружението за македонско-германско пријателство и соработка и Битола и во 2009 година во програмата го имаше вклучено великанот Бах со театарската претстава „Сеќавање“ на германски јазик изведувана од 12 ученици од Битола кои го изучуваа германскиот јазик под режија на актер Соња Ошавкова. Оваа одлично изведена театарска претстава на германски јазик долго ќе остане во сеќавањата на битолската публика.

Потоа следеше презентација за животот и делото на Бах од проф. Марина Коруновска за сите учесници на работилницата. Работилницата ја спроведоа проф. Билјана Митковска, проф. Елена Сотиров и проф. Симона Монавчева со отворање на 3 онлајн училиници во кои ги читаа информативните текстови на германски јазик и одговарајќи ги прашањата на работните листови. Откако трите групи ги изработија работните листови го искажаа нивното задоволство за учеството и наученото од работилницата. Учениците од работилницата добија една работна книга со текст на германски и англиски јазик и можност за боење, дрвени боици и една маска со потписот на Ј. С. Бах.

Ви пренесуваме дел од впечатоците на учениците:

-„Научив дека покрај љубовта кон музиката, Бах ги сакал и сите свои 20 деца и за нив пишувал по една композиција на ден за да не им биде досадно“

-„Научивме повеќе за неговиот живот, како тој ги компонирал неговите композиции. Најмногу ми се допадна приказната како тој ги препишувал нотите од неговиот постар брат.“

-„Научив дека името B a c h = b ла до си“

-„Научив дека Бах покрај тоа што бил многу добар музичар, пред се бил и добар човек и голем верник“

-„Со оваа работилница го подобрив германскиот јазик и успеав да се опуштам и подобро да се изразувам“

-„Во оваа работилница ни се допадна тоа што научивме за Бах на многу интересен начин. И мило ни е за оваа дружба пред се“

-„Ми се допадна тоа што по 150 години заборавање на Бах, поради Феликс Менделсон повторно почнале да се изведуваат неговите дела“.

-„Интересно е тоа што во услови на пандемија успевате да организирате работилница преку која се дружиме и учиме.“

Здружението планира уште една манифестација до крајот на годината и таа ќе се изведи онлајн.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани