Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот договор.

 

Директорот на ХМС Стрежево, Менде Граматковски и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, го потпишаа  договорот со кој се одобруваат финансиски средства за изработка на проект за изведба на нов ски центар на Пелистер.

Долгоочекуваното фузирање меѓу РК „Еурофарам Работник“ и РК „Пелистер“, конечно ќе се случи утре во 9 часот наутро за кога е најавено потпишувањето на договорот меѓу Општина Битола и  РК „Еурофарм Работник“.

Се уште е неизвесно дали до утре ќе се усогласат книговодствените документи на РК „Пелистер“ за конечно да се потпише догворот за фузија на клубот со РК „Еурофарм-Работник“. Градоначалничката Наташа Петровска, денес рече дека иако Општината го исплатила долгот на РК „Пелистер“, сепак според некои книговотствени показатели се појавува обврска која содржи одреден нејасности. Утре е закажана нова средба меѓу потписниците од двете страни, а дотогаш треба да бидат надминати овие проблеми, затоа што „Еурофарм“ бара да го преземе  РК „Пелистер“ без долгови.

Спогодба за отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос  во регионот на Преспа, потпишаа денеска македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и алтернативната министерка за надворешни работи на Грција Сиа Анагностопулу

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани