2win800x200

Денес ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола беше домаќин на децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ од Битола. Оваа хуманитарна акција ја организираа учениците од I – 5 во соработка со професорките Марија Илиевска, Дарија Стаматова и Ема Ќука. Средбата беше отворена со новогодишна претстава напишана од Јована Балуловска ученик во I – 6. 

Штитениците во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас “Кочо Рацин“ од Битола денеска се израдуваа со нов телевизор кој сите заедно ќе можат да го користат во занималната во која минуваат дел од слободното време. Донацијата е од Општина Битола по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби , 3 Декември, што  предизвика голема радост кај овие деца, а градоначалничката Наташа Петровска рече дека ова е најмалку што може да се направи за штитениците во Заводот

Шведската хуманитарна организација  Hand till Hand  темелно ги реновираше трпезаријата и санитарните јазли  во Заводот за деца со оштетен слух и говор  „Кочо Рацин“-Битола, со цел да се подобрат условите  во оваа установа.  

Штитениците на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола денеска се претставија  со рецитаторски и музички точки, на предновогодишната забава на која присуствуваше и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Таа заедно со Дедо Мраз, со новогодишни пакетчиња и топла порака им посака најискрени желби на децата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани