Битолчанецот, Петар Нолев е планинарски водич и професионален спасувач. Учествувал во преку стотици  акции за спасување на планина, потраги  со кучиња, теренски возила, хеликоптери,  во гаснење пожари, помош при поплави.  

По објавениот статус на ФБ профилот на Планинарското друштво „Трансверзалец“ во кој ги повикаа планинарите да се воздржат од изјави во врска со трагичниот настан на Кајмакчалан се до објавување на официјален извештај, државната информативна агенција МИА  објави писмо  од семејствата на  младите планинари Калина Велевска (28) и Александар Миновски (35), кои трагично ги загубија животите на Ниџе,  минатиот викенд.

transverzalec1

Грчката противпожарна бригада  на својот Твитер профил објави видео од извлекувањето  на мртвите тела на двајцата млади планинари од Скопје, кои  вчера ги загубија животите искачувајќи се на врвот Кајмакчалан од грчка страна.  

1

 

Извлечени се телата на двајцата планинари од Македонија од врвот Кајмакчалан и се симнуваат кон скијачкиот центар каде што доктори од итната служба ќе треба да констатираат дека момчето и девојката од Македонија се мртви, дознава МИА од грчката противпожарна служба.

Синоќа околу 23.30 часот на падините на Кајмакчалан загинале  двајца млади македонски планинари, на возраст од 26-35 години, јавуваат грчките медиуми.

Од нашето МВР велат дека се уште ја проверуваат информацијата.

Димче Јошевски од Дирекцијата за спасување во Битола со екипа од Спасувачи на планина веќе се подготвуваат со санка да тргнат на местото каде според телефоните ги лоцирале планинарите.

-Сега одиме во тек е акција, со хеликоптер не може да се замине па ќе одиме со санка. Станува збор за локација од Лутраки кон Кајмакчалан, кај  една од караулите. Но ги има шест караули и точно не знаеме каде се, изјави за апла.мк Димче Јошевски. 

Според него се работи за група од педесеттина  планинари од Скопје кои вчера заминале за Грција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани