Од синоќа, околу 21 часот, се дигна рампата од граничниот премин Меџитлија -Ники на македонско-грчката граница и протокот на патници се одвива нормално. Од МВР потврдија дека преминот почна со работа.  Од двете страни на границата се воспостави рамена на патници и стока по застој од една година поради корона кризата.  

Сообраќајната раздвиженост на граничниот премин „Меџитлија“ претпладнево е зголемена поради продолжениот викенд. На „Меџитлија“ се чека од 15 до 30 минути. Автомобили со битолски и грчки регистарски таблички чекаат за излезе од Македонија во две колони.

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

И на граничниот премин „Меџитлија“ на македонско-грчката граница, попладневно променет е натписот на таблата при влез во државата, каде  сега на англиски и македонски јазик е напишано  Република Северна Македонија.

Поради штрајк на грчките цариници, денеска на 9 ноември, преку граничниот премин Меџитлија, односно Ники на грчка страна, се пропуштаат само пешаци, додека сообраќајот за мотрони возила е во прекин, соопштуваат од МВР.  Штрајкот започна  во 05.00 часот и ќе трае до 05.00 часот на 10.11.2017 година.

На граничниот премин „Богородица“ (граничен премин „Евзони“) штрајкот започнал во 05.00 часот и ќе трае до 23.00 часот на ден 09.11.2017 година. Најавен е целосен прекин на сообраќајот на товарни моторни возила, додека патнички моторни возила и пешаци повремено ќе биле пропуштани.

На граничен премин „Стар Дојран“ (граничен премин „Дојрани“) започнал во 05:00 часот и ќе трае до 23:00 часот на 09.11.2017 година. Во наведениот временски период ќе бидат пропуштани само пешаци, а патничкиот и товарниот сообраќај ќе биде затворен во двата правци. Исто така и товарниот железнички сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција е во прекин од 09.00 часот утринава.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани