Здруженијата кои се занимаваат со географија покренаа  и доставија  барање до МОН и БРО за задржување на географијата како посебен предмет и запирање на концепцијата во основното образование. Иницијативата го носи слоганот „Да кажеме НЕ на уништувањето на ГЕОГРАФИЈАТА како предмет!“

Во барањето пишува дека со новата Концепција во основното образование, географијата целосно се деградира и разнебитува. Географијата е спој помеѓу природните и социо-економските карактеристики на просторот. Со Концепцијата овие две нишки целосно се одвојуваат и вештачки се спојуваат со други предмети, што ќе доведе до несогледливи последици, како по учениците, така и по наставниците.

1.      Не постои факултет кој продуцира кадар за природни науки, остручен за работа по различни модули од областа на биологија, географија, физика и хемија. Сегашниот наставен кадар е недоволно стручен за најголем дел од наставните содржини, бидејќи нема соодветно образование.

2.      Според податоци од  Државниот завод за статистика 2021/2022 од 11 146 паралелки во основно образование има 1238 паралелки во VI одделение. Бидејќи наставниците по географија имаа по  два часа (72часа) ќе се изгубат 1238 часа или 62 работни места. Доколку концепцијата продолжи по зацртаниот план во VII, VIII и IX одделение ќе се изгубат дополнителни 186 работни места, односно 248 наставници по географија кои имаат редовен работен однос ќе останат без работа.

3.      Делови од природната географија (географска положба, планини, реки, езера, клима и сл.) се изучуваат во предметот Историја и општество за IV, V и VI одд., со што, учениците доаѓаат до конфузија за предметот на изучување на природните и општествените науки.

4.      НЕВОЗМОЖНО е интегрирање на географијата со историјата и граѓанското образование, бидејќи и при усвојување на знаења од општествената и економската географија (во склопот на регионалната географија во VIII и IX одделение), секогаш се поврзуваат и се усвојуваат знаења од физичката географија. На тој начин учениците ги осознаваат причинско - последичните врски и специфичностите на соодветниот географски простор.

„Наши основни барања се: 

1. Задржување на статусот на географијата како ПОСЕБЕН предмет (најмалку во следните одделенија VII, VIII и IX одделение) согласно нејзиниот комплексен карактер како научна дисциплина. Односно ИСКЛУЧУВАЊЕ од предметите природни науки и историја и општество.

2. Модуларно изучување на наставните содржини и теми по предметот природни науки во V и  VI одделение (како што беше претходно најавено), а НЕ сите содржини кои се однесуваат на предметите: географија, биологија, физика и хемија да ги предава еден наставник.

3. Воведување на модуларно изучување за географските содржини во предметот историја и општество во V одделение„вели професорот Мите Ристов од Геосфера. 

Иницијативата за задржување на географијата како посебен предмет е доставена до МОН, БРО и претседателот на државата.

Кон Иницијативата се приклучија следниве организации:

  • Здружение на професори по географија на Македонија „Проф.Д-р Љубе Миленковски“- Скопје
  • Регионално географско друштво „Геосфера“- Битола
  • Регионално географско здружение „Проф. Д-р Митко Панов“- Прилеп
  • Независен синдикат за образование и наука – Скопје 

Градоначалничката на Општина Битола, ја посети гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола со цел да изврши увид во тековното работење на оваа образовна институција во процесот на изведување на он лајн наставата.

Раководството на гимназијата, односно директорката Фани Наумовска и заменик директорот Мите Ристов, ја информираа градоначалничката дека со средствата од Општина Битола, кои им беа доделени на училиштата пред почетокот на учебната година, набавиле 12 персонални компјутери, 3 лап топ компјутери и 5 таблети за цртање. Персоналните компјутери се опремени со звучници и камери, а таблетите за цртање се особено корисни и практични за изведување на настава по математика, физика и хемија.

Процесот на настава се изведува без проблеми, училиштето има одличен интернет, а организираноста на наставниот процес исто така е на многу високо ниво. Градоначалничката беше запозната и со преземените активности за одредени санации и реновирања во училиштето, како и за потребите за натамошно уредување во самите училници.настава 2

настава 3

настава 4

Ученици и вработени во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ изработија мозаик од логото на ова престижно битолско средно училиште. Мозаикот беше дел од акцијата за уредување на училишниот двор пред Новогодишните празнаци, а е поставен пред главниот влез на Гимназијата.

„Пред и потоа, со добар тим идеите стануваат реалност за само неколку часа. Ученици и вработени од СОУ Гимназија ‘Јосип Броз-Тито’ Битола во партнерство со Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА од Битола учествуваа во волонтерска акција за уредување на училишниот двор и подигање на еко-свеста. Волонтерската акција финансиски е поддржана од Општина Битола и Локалниот младински совет“, велат од Гимназијата.

Ж.З.

gim 2

gim 5

gim

gimn 6

Селото Поешево е најзагадено од 19 битолски села со олово, манган и хром. Ова го покажа   истражувањето за присуство на тешки метали во почвата на потегот од Битола до РЕК што го спроведоа ученици и професори од Гимназијата ,,Јосип Бриз Тито" од Битола. Поешево, едно од најблиските села до Битола, оддалечено само неколку  километри од градот,  има  над максимално дозволените  концентрации на олово, а исто така зголемено присуство на манган и хром во почвата.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани