Градоначалникот на Престолнината Цетиње Александар Кашќелан, заедно со висока делегација од Црна Гора и амбасадорката на Црна Гора во земјава, денеска беше во официјлна посета на Општина Битола и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.  Ова е прва официјална средба на Петровска и Кашќелан, по минатогодишното електронско збратимување на Битола и Цетиње. 

 

 

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, ќе се кандидира за втор мандат на локалните Избори што треба да се одржат во Октомври годинава. Ова  го потврди во емисијата Директно на Тера, која ќе се емитува во четврток, пренесе телевизијата. 

Градоначалничката Наташа Петровска е задоволна како се спроведува масовната имунизација во Регионалниот вакцинален центар во Битола, а вели дека вакцинацијата е единствен начин да се нормализара животот. На новинарско прашање дали ќе се вакцинира, таа вели дека аплицирала таа и целото нејзино семејство и чека термин како и сите граѓани. Ќе ја прими онаа вакцина која во моментот ќе биде на располагање. 

„Да ги замолам сите угостителски работници да ги отворат зимските тераси за да придонесеме да се амортизира кризната ситуација, да не се грижат за тоа кои се одкулите на Совет зашто формално-правно и тоа можеме да го регулираме. Иако е 15 април тајмингот до кога можат да се чуваат преградувањата, можат да преминат во летната шема на организација зашто така ќе дадат дополнителна поддршка за да не ни се зголемуваат броевите на ковид заразени во нашата држава“, рече градоначалничката Петровска.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани