Општина Битола објавува јавен оглас за ангажирање на тутори за поддршка на ученици Роми од второ, трето и четврто одделение во основно образование во Општина Битола. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.

Заинтересираните кандидати комплетната документација наведена во јавниот повик, можат да ја достават на три начини:

-              во архивата на општината во затворен коверт со долунаведената назнака

-              препорачано по пошта на следната адреса: Булевар 1ви Мај бр.61, 7000 Битола, во затворен коверт со долунаведената назнака

-              или електронски на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со долунаведената назнака

Крајниот рок за доставување на пријави за тутори е пет дена од денот на објавување на огласот на веб страната на општината, односно најдоцна до 10.03.2023 година со назнака: „АПЛИКАЦИЈА ЗА ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА  МАКСИМУМ 6 (шест) ТУТОРИ ЗА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИ РОМИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА“ - РОМАКТЕД ПРОГРАМА.

Информациите за јавниот оглас се достапни на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/јавен-оглас-за-ангаѓирање-на-1-консулта/.

Општина Битола објави јавен оглас за ангажирање наконсултант и тутори за поддршка на  ученици во второ, трето, четврто одделение во основно образование во Општина Битола. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.

Локалниот економско социјален совет на општина Битола, денес ја одржа втората седница, на која беше усвоен Предлог деловникот за работа, а беа разгледани и прашања поврзани со понатамошното делување на овој Совет.

Општина Битола, го започна процесот за изготвување на Стратегија за локален економски развој. Собирањето на потребните податоци опфаќа и вклучување на граѓаните, за тоа како тие ја перцепираат општината. За таа цел, потребно е и граѓаните да го пополнат анкетниот прашалник достапен на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf03KUCKWBmNsn4HjuzlH4gN1nzXe3XPCDtWo4NsNF4mmzNdQ/viewform.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани