На последната седница каде на дневен ред се најде ребалансот на Буџетот на Општина Битола, владеачкото мнозинство побара поддршка и од опозицијата, со објаснување дека оваа година реализацијата на буџетските средства е рекордна, над 46 проценти за вториот квартал.

На почетокот од денешната редовна Седница на Советот на Општина Битола, советниците го констаираа престанокот на мандатот на членот Пеце МИлевски, кој  е назначен за директор на ЈП „Водовд“ во Битола,  а се верифицира мандатот на Лидија Павловска, која беше следна на листата кандидати од лоалните избори 2021 година.

Со 18 гласови Габриела Илиевска од Поинаку е избрана за нов претседател на Советот на Општина Битола. Таа освои повеќе гласови од Менде Илиевски од СДСМ, кој беше нејзин противкандидат за претседателска функција во Советот.

-Битола испишува историја. За првпат во историјата на градот Советот на Општина Битола добива претседател кој доаѓа од граѓанска листа. Она што го постигнавме на избори денес го крунисавме. Тоа значи дека од сега во Советот ќе се работи само за интресите на битолчани  и нема да има поделби кој од која политичка партија е. Демократијата во Битола добива нова нота а Битола, почнува да живее поинаку, рече Илиевска во своето обраќање пред Советот

За Илиевска гласаа 13 советници од ВМРО ДПМНЕ, 3 од Поинаку и 2 од Левица.

Конститутувната седница на општинскиот Совет започна со пауза откако градоначалникот Тони Коњановски најави нови точки на дневен ред кои мора итно да се донесат. Тие се однесуваат на измени на буџетот и информација за работата на зимската служба кои мора да се донесат до 15 ноември. Советникот од СДСМ Менде Илиевски побара пауза од 15 минути за да ги добијат материјалите за дополнителните точки на дневен ред. Марица Тодоровска од ВМРО-ДПМНЕ како највозрасен советник ја води првата седница и дозволи пауза од 15 минути.

Коњановски во првото обраќање како градоначалник од говорницата рече дека е важно да се тргни политиката од локалната заедница и сите да работат за општ, а не за личен интерес.

 

received 1004633173448437

received 972729989986484

received 2392593347537194

За првпат по подолго време  опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во расправата на денешната 74 седница на Советото на Општина Битола.  Ниту еден советник од опозициската партија не се јави за збор по  точките на дневниот ред. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани