2win800x200

 

 
Граѓанската иницијатива Зелен Баир во соработка со Center for European Development and Integration по четврт пат ја реализира акцијата за пошумување на ридот Баир над месноста Кркардаш. Во годинешната акција беа засадени 200 зимзелени садници од црн бор.
 
 FB IMG 1670753900513
 
-Покровител и спонзор на четвртата акција за пошумување се BV Business Group кои како општествено одговорна групација на компании ja препознаа нашата заложба за ревитализација на зелениот појас над нашиот град и ни помогнаа во набавката на садниците и со својот тим се вклучија во реализација на акцијата за пошумување. 
Во оваа акција како и изминатите години учество зедоа  членовите на здруженијата кои се дел од Платформата ЗЕМИ ЗДИВ, велат од иницијативата Зелен Баир
 
FB IMG 1670753970428
 
Во претходните три акции на ЗЕЛЕН БАИР беа засадени повеќе од 400 зимзелени садници од кои дел успешно се адаптираа и веќе го зазеленуваат просторот. 
 
FB IMG 1670753892041
 
-Оваа година беа пополнети празнините во веќе засадените леи и беше отворен нов појас во кој се засадени новите садници од црн бор. Заложбата на ентузијастите собрани околу иницијативата Зелен Баир е обнова на поранешната борова шума на ридот Баир која има функција на бели дробови на градот и создавање на уште еден простор за рекреација на битолчани. Преку овие пошумувања се обидуваме да создадеме нов зелен појас кој има за цел до доведе до подобрување на амбиенталниот воздух и да помогнеме во намалувањето на ефектите од климатските промени, велат иницијаторите.
 
 FB IMG 1670753976219
Од Зелен Баир се заблагодарија на сите кои беа присутни и  сите  кои  дадоа  придонес за да се реализира акцијата
 

Полициски службеници од СВР Битола во текот на изминатата ноќ  реализираа акцииска контрола која  е дел од планот  "Безбедно лето-2022". Оваа контрола беше спроведена на јавни места каде има зачестено нарушување на јавниот ред и мир на цело подрачје на СВР Битола. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани