2win800x200

 

 
Од 08:30 часот се укинуват забраните за тешки товарни возила на патните правеци до  планиските премини Стража- Плетвар –Ѓавато и Струга
 
Задолжителна е зимска опрема за сите возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

Битолскиот суд денеска го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и изрече забрана за вршење на ископ на подрачјето на Задбрдо, како дел од локалитетот Влахо, општина Новаци, од страна на концесионерот „ЏМП КОП Интернатионал ДОО Битола“ до правосилно завршување на постапката која во ОЈО Битола се води за кривично дело оштетување или уништување на добра, соопштија од Министерството за култура.

 

Од таму велат дека одлуката на судот следи по реакцијата на Министерството за култура, соодветните институции за заштита веднаш да ги активираат законските надлежности по алармантните укажувања од стручните лица за случувањата на локалитетот Влахо.

 

„Уште на почетокот на минатата година, по барање на Министерството за економија, Управата за заштита на културно наследство се обрати до Завод и музеј Битола за мислење по однос на издадената концесија за ископ и експлоатација на јаглен во Влахо. Во доставеното мислење беше наведено дека е неопходно да се извршат заштитни археолошки истражувања за локацијата да биде комплетно истражена. Од добиените резултати би зависело дали концесијата би била одземена или просторот би бил слободен за експлоатација “, соопштија од Министерството.

И покрај даденото мислење на стручните лица и контактите на надлежните од Завод и музеј Битола со концесионерот „ЏМП КОП Интернатионал ДОО Битола“, на почетокот на оваа година, на локацијата била поставена механизација која почнала да работи на ископ. Стручна екипа од Завод и музеј Битола повторно излегла на терен и констатирала настанати оштетувања во периферниот дел од локалитетот, ја известила Управата за заштита на културно наследство чија инспекциска служба ги констатирала оштетувањата. При тоа на концесионерот повторно му било наложено да престане со преземените работи, додека не се извршат археолошките истражувања. По неколку дена, стручната екипа и концесионерот излегоа заедно на увид, при што од него добиле уверување дека се подготвени да ги финансираат археолошките истражувања. Но, на 24. 02. 2023, ископот продолжил. Екипа од Завод и музеј Битола констатирале комплетно уништување на предметниот опфат, кој требаше да биде предмет на археолошки истражувања.

„Ваквите активности доведоа до потполно уништување на културниот слој на дел од периферниот опфат на локалитетот и доведоа до губење на археолошкиот контекст, како и на сите значајни информации кои би произлегле од предложеното археолошко истражување. Имајќи ја предвид датираната старост од околу 6400 год. п.н.е, а со тоа и огромното значење на овој локалитет како еден од најстарите праисториски локалитети на Балканот и во Европа, направена е огромна културолошка, но и цивилизациска штета“ нагласуваат од Министерството за култура и додаваат дека министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска е во секојдневен контакт со Македонското археолошко друштво, а актуелните случувања ќе бидат тема и на скорешниот состанок на Националниот совет за културно наследство.

Врнежите од снег попладнево предизвикаа проблеми во сообраќајот на повеќе патни правци, а во моментот според известувањето од АМСМ, во целосен прекин е сообраќајот на патот Битола-Ресен.  

АМСМ  известува дека  покрај забраната  за движење на тешки товарни возила, од 18,45 часот воведена е забрана и за патнички моторни возила преку планинскиот превој Ѓавато.

Попладнево околу 16 часот на овој патен правец имаше сообраќајна несреќа, заради што сообраќајот беше во прекин до 17,30,  но кусо време откако  патот  беше отворен, воведена е целосна забрана за сите возила.

Патници тврдат дека има застој заради излизгани камиони и автомобили. 

Целосно е во прекин и патниот правец Маврово-Дебар, поради лавина на патот, информираат од АМСМ. 

lavina

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани