2win800x200

Две противпожарни возила и дваесет пожарникари и вработени во Службата за техничка сигурност при РЕК Битола активно се вкучија во гаснењето на пожарот во фабриката Жито Битола. Едно противпожарно возило на РЕК Битола со тројца пожарникари дежураа во текот на ноќта, заедно со колеги од противпожарната единица од Битола и будно ја следеа состојбата во опожарениот објект. Противпожарната служба на РЕК Битола останува на располагање за било каква интервенција, доколку има потреба од тоа.

Пожарот во планинарскиот дом Ловечка куќа на Пелистер во полиција е пријавен вчера на 25 ноември, ден откако веста за пожарот се најде во голем број медиуми. Извршен е увид од СВР Битола, а известен е и јавен обвинител. Информацијата е објавена во денешниот билтен на МВР каде пишува

 

Четиринаесет лица го загубија животот во  пожар кој синоќа околу 21 часот ја зафати модуларната болница во Тетово. Од обвинителството наведуваат дека со ДНК анализи ќе се утврдува нивниот идентитет, но се истражува дали има и други жртви меѓу пациентите во тетовската модуларна болница кои се лекувале од ковид-19. Според првичните сознанија,  меѓу починатите нема здравствени работници, но има повредени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани