2win800x200

Пожарот во атарот на потпелистерското  село Ротино и натаму е активен, а  засилениот ветер го отежнува гаснењето. Кризниот штаб на Општина Битола по одржаниот сосотанок донесе одлука да побара помош од Дирекцијата за заштита и спасување за да се активираат авионите за гансење на пожари.

Пожар покрај регионалниот пат Битола-Ресен во близина на Ротино избувнал денеска претпладне.

Еден ден по еколошката акција „Мети си со класнето“, местото во близина на Новиот пазар во Битола каде вчера се чистеше, денес го зафати пожар. Организаторите на акцијата не знаат дали пожарот се појавил случајно или пак некој го потпалил местото, но бараат инспектори да утврдат што се случува.Од Противпожарната единица во Битола велат дека пожарот е изгаснат и дека бил предизвикан од човечки фактор.

Пожар денеска избувна во гаражата на поранешната амбуланта во Новаци, објкет лоциран на излезот од селото кон РЕК Битола. Огнот се проширил кон објектот, откако засега непознато лице го запалил стрништето на десетина метри од амбулантата.

Непознати лица со месеци потпалуваат штали, бали добиточна храна и уништуваат ниви во пелагониското село Могила. За десет месеци изгореа околу 5.000 бали сено, слама, луцерка, над 1.000 килограми собран тутун, a земјоделски производи се уништени и по нивите. Пожарите избувнуваат навечер, најчесто по полноќ, кога нема луѓе по нивите и шталите. Мета бил имотот на Општина Могила, на луѓе од локалната власт и други вработени во општински институции.

Последниот од серијата пожари се случил на шести октомври, кога биле запалени шталата и плевната на Илче Велевски, вработен во спортската сала во Могила. Општетениот сопственик се сомнева дека некој ги потпалил намерно, додека тој со семејството бил на свадба..

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани