2win800x200

Македонски железници -Патнички сообраќај на својата веб страница објавија соопштение за редуцирање на патничките возови од Битола кон Скопје и обратно без да соопштат детали и образложение за одлуката. Од среда во двете релации ќе сообраќа по еден воз на ден. Еве ја во целост објавата

Општина Битола му ги врати позајмените автобуси на Скопје. Тие беа донесени во почетокот на октомври да помогнат ако има потреба во вршењето на линискиот и школскиот превоз кога превозниците изелгоа на протести и изјави дека нема да возат по новитот предлог тарифник. Откако стигнаа во Битола, имаше многу обвинувања дека се дотраени, но превозниците уште следниот дел продолжија со превозот.

Во последните пет години ТИКА реализираше 580 проекти во Македонија, вели Сабри Демири, советник на претседателот на Република Турција во интервјуто за МИА што го направи битолчанецот Мартин Николовски, македонски студент по новинарство во Анкара.

Кога бев мала токму многу се раскажуваше низ Битола за филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ што го доживувавме како голем настан. Препознававме дека се одржува по големиот огномет на битолското небо. На телевизиите го гледавме преносот од црвениот килом. Како тинејџери одевме со другарите да погледнеме некое од подобрите филмови што се прикажуваа, а ги имаше многу. Се туркавме во бројната публиката околу црвениот килим да видеме кога ќе помине познатиот британски актер Мајкл Јорк кој во деведесетите години дојде во Битола. Бевме горди што го воодушеви Пелистер, па дури и на тоа што место месо во хотелот „Молика“ барал да му подготват поперки. Од актерите, па до пиперките се имаше некоја магија во градот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани