Во четврток на 12.10.2023 год.со почеток во 20.00 ч. во НУ Центар за култура Битола, вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија „М“ ќе има своја премиера пред битолската публика. На премиерата ќе присуствува дел од екипата на филмот.

“М“ е фантастична бајка за осамено, осумгодишно момче Марко, кое е во потрага по љубов низ мрачниот, дистописки свет на нашата блиска иднина.

Режија: Вардан Тозија

Сценарио: Вардан Тозија, Даријан Пејовски

Актерска екипа: Сашко Коцев, Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Тони Михаловски, Оливер Митковски, Верица Недеска, Владимир Тулев, Жаклина Петровска, Благој Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски.

Проекциите на филмот ќе бидат во големата сала:

Проекции во голема сала:

Четвр. 12.10.2023. 20:00

Петок 13.10.2023. 22:00

Сабота 14.10.2023. 20:00

Понед. 16.10.2023. 20:00

Вторник 17.10.2023. 20:00

Среда 18.10.2023. 20:00

 

Во периодот од 8 октомври до 3  ноември на повеќе локации во Битола, околината, како и Ресен и Скопје се снима ТВ серијата со работен наслов „Ататурк“ во продукција на турската продуцентска куќа Ланистар Медиа во соработка со македонската продуцентска куќа Сектор филм. Овој проект е финансиски подржан од каналот Дизни + на којшто ќе се емитува.

Шведскиот филм „Надеж“ на режисерката Марија Содал, со легендарниот Стелан Скарсгард и норвешката актерка Андреа Браин Ховиг, од денеска се прикажува во Центарот за култура Битола (мала сала). Филмот ќе биде на репертоарот денеска, утре и задутре од 20 часот.

„Сестри“ на режисерката Дина Дума го отвори 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“во Битола, а денеска тимот на филмот одржа прес конференција на која режисерката Дума и екипата од филмот говореа за предизвиците, успесите, инспирацијата...

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани