Директно

Пред околу 120 години го возел Кемал Ататурк низ битолските улици. Кон крајот на 19 век ги носел и беговите на пладневна прошетка низ Тумбе Кафе. На неговото црвено кадифе седнувале конзулите на една волта низ Широк Сокак. Тоа било славното минато на познатиот пајтон на Манди.

Нови садници за Битола од општествено одговорни компании од градот.  

На битолскиот рид Кркардаш, од каде градот се гледа како на дланка, на местото каде во 14 век загинале мачениците, се издига црквата „40 маченици“ која вечер и утре ја празнува својата слава.

Осквернавена е  спомен-бистата  на борецот од Втората Светска војна, Стерјо П. Ѓеорѓиевски (1922-1942) поставена во Градскиот парк во Битола.

Синџирите на неколкуте влезови  во Старата битолска чаршија кои не дозволуваат влез на возила на оваа локација утрово повторно се вратени на своето место.

Откорнати и украдени се 8  од вкупно 16 садници што во декември ги засадија учениците заедно со наставниците во училишниот двор на  ОУ „Коле Каниански“ во Битола. 

Календарски уште сме зима, пролетта започнува за неколку дена, а во Преспа како да пукнало лето. Температурата се искачи до дваесетиот степен и сите туристи што викендов ја посетија Преспа уживаа крај езерото по куси ракави.

Подпелистерието е во чад од запалени стрништа. Опожарена е поголема површина и тоа на неколку места од левата страна на регионалниот пат Битола-Ресен во близина на Ротино.

Сончевиот часовник што ќе се поставува на Еврејските гробишта, висок шест метри со дијаметар девет метри, од два тона железо и 90 монтирани делови го изгради градежниот инженер Ѕвонко Ристевски од Битола.

Страница 1 од 81

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани