2win800x200

Силни аплаузи за годишниот концерт на Државното музичко училиште во Битола (фото галерија)

Мај 17, 2018

Како круна на едногодишната работа, вечерва во големата сала на Центарот за култура во Битола, се одржа  годишниот концерт на Државното музичко  училиште од Битола. Концертот го отвори настапот  на средношколскиот хор под диригентска палка на проф.  Лилјана Трајковска Димевски, исполнувајќи ја „Не ме тажи мајко“ од Т. Прокопиев.

 

На концертот следеа дваесет точки од ученици од второ одделение во Нижото музичко училиште,  па се до четврти клас средно образование. Настапија Стефан Митревски, Марта Јовановска, Горазд Наумов, Илијана Серафимова, Андреј Илиоски, Емилија Богоевска, Ѓорѓи Димовски, Санела Шукриевска и Љубица Здравковска од нижото училиште. Додека од средното музичко училиште се претставија Дарко Кулевски, Злата Даниловска, Ирини Хилари, Бојан Димитровски, Ердал Ајдаровски, Александра Гическа, Виктор Зеканович, Бојан Шапкоски, Дамјана  Апостоловски, Христина Трајкоска, Анастасија Гичевска, Ангела Димковска и Филип Наневски.

Најголем дел од учениците што настапија оваа година беа наградени со прва, втора или трета награда на државни и меѓународни натпревари во Македонија и Србија. Исполнија дела од различни жанрови и автори за што добија силни аплаузи од  присутните. Годишниот концерт го следеше и градоначалничката Наташа Петровска.  

Битолчани одамна навикнаа  Државното музичко училиште да е на врвот во Македонија по својот квалитетен кадар и талентираните  ученици.image 0 02 04 b9379f9e942496ccd33e2aecc8ae29bc1ecf13837323247d3303e0b5ae4fc141 Vimage 0 02 04 989efad2cd3efe8c25c9818a2fd0b5d24f928a412fe4ed02cb774aa124442ce2 Vimage 0 02 04 cd1f934a5bf710c27f2fa6f913a06f9613559e1aeacfebbba7e0fdb2af16fa12 Vimage 0 02 04 f8423247c9388539d15204bc8221cbffe414452b6e9af1c511c16cfd0440c8bd Vimage 0 02 04 4bfbd5546fc15370c49299fc666e750b11fc926b4cdfec273856f82f5d2472e2 Vimage 0 02 04 6a291da5fb8d2faab80e3efe05177fad861870830a43fb6bae2020ad57bd07be Vimage 0 02 04 ab3f653e9f80b4da036cd2eaefeef82d6005f91ef8215314d381f626ec8d27ac Vimage 0 02 04 0e423f06b42a267379c9114efd016d33f37129e0c694bd1b7b678f52b55a7163 Vimage 0 02 04 0f16c89819ffeb51ae8c43ce9376241c4d73cafa1047751046d869a76a079f17 V

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани