2win800x200

Откриени 11 живеалишта со европски заштитени видови на Пелистер

Мај 21, 2018

Експерти од европската еколошка мрежа на заштитени подрачја „Натура 2000“ во Националниот перк Пелистер открија видови застапени во европските анекси за заштита, а кои досега никогаш на македонските простори не биле откриени. Тие деновиве вршат мониторинг на флората и фауната во Националниот парк Пелистер кој е еден од избраните пилот подрачја од земјава што можат да станат дел од еколошката мрежа по зачленувањето на Македонија во ЕУ.

 

„Успеавме да најдеме и видови застапени во европските анекси на заштитени видови, а кои досега никогаш на овие простори не биле откриени. Посебно фокус ни се растенијата, вршиме мониторинг на шумите, па дури и во реонот кај село Mаловишта каде имаме црна топола и белa врвба, потоа на деловите со алпски карактеристики и на живеалиштата крај реките“, рече Петро Ахлрот, лидер на проектот.

Експертите посочија дека неопходно е одржување на живеалиштата.

„Идентификувавме 11 живеалишта во рамки на Националниот парк Пелистер кои постојат на анексите на ЕУ. Работиме на протоколи за мониторинг и најмногу се фокусираме на шумата. Секако и на моликата која е еден од видовите што се од најголемо значење. Значајно е да ја имаме моликата зашто таа е нашиот заштитен вид, но таа стада на повисоките места поради обраснување со други видови на дрвја и шума. Ако ги спомениме ливадите, тенденцијата е ливадите да се напуштаат, па да се обраснуваат со вегетација, за да опстанат тие треба да бидат одржувани“, рече Кимо Сурионен , ботаничар во фински институт.

Мониторингот продолжува, ќе има и обука за јакнење на капацитетите  за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на заштитата на природата.32945182 388126985004007 609355017765257216 n

33168522 388126811670691 6595074831656419328 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани