2win800x200

Тргна експедицијата од Битола по стапките на војниците од Македонскиот фронт (фотогалерија)

Јуни 03, 2018

Со коњ и мазга, од Битола до Солун,  на пат долг 240 километри  утрово тргнаа  францускиот дипломат и писател Емануел  Рембер и  новинарот и историчар Емануел Ешт, придружувани од  битолскиот професионален  водич Петар Нолев.

 Македонско-француската експедиција  пеш ќе минува     по  линијата на  Македонскиот  фронт,  низ бункери  и ровови, преку мариовските села Маково, Рапеш, Будимирци, Ридир, летна караула до врвот Кајмакчалан, а потоа по сртот на планината до Мало Ниџе и местата викани Базерот, Бела Земја, Сокол, Добро Поле, Кралица, Кожуф ќе пристигнат до  Гевгелија, а од таму до Солун. На овој начин Рембер и Ешт ќе ја одбележат  стогодишнината од крајот на  Првата светска војна, а патувањето кое го  нарекоа „Марш на спомените“ симболично почна од Француските воени гробишта во Битола.

-Сакавме да направиме нешто што може да се нарече жива археологија. Сакаме да  одиме по линијата на фронтот по која се движеле војниците од Првата свестка војна, рече Емануел Рембер, дипломат и писател од Франција

-Се надевам дека на моите сограѓани ќе им  го оживееме спомент, жртвите и храброста на француските војници кои  се бореа на   Македонскиот фронт во Првата свестска војна. Тој е дел од историјата, настаните од овие простори, се  малку подзаборавен во Франција, рече Емануел Ешт, историчар и новинар од Франција

Среќен пат на учесниците на  маршот  им посакаа градоначалничката на Битола Наташа Петровска и почесниот конзул на Република Франција во Република Македонија, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

 

 

34137621 393588754457830 6816025073397268480 n

34208044 393588801124492 9084601639226048512 n

34200941 393588717791167 777978736636067840 n

34380312 393588971124475 332960373185445888 n

 

1

2

3

 

 

 

Фотки од Меморијалниот музеј сместен на француски гробишта во Битола:

34433449 393588644457841 3521942177074642944 n

34316871 393588587791180 2586851114389340160 n

34207291 393588617791177 528089348852154368 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани