Почнува крпењето на ударните дупки по улиците во Битола и на локалните патишта

Јуни 13, 2018

Од денеска почнува санацијата на ударните дупки на улиците во Битола и руралните средини кои се дел од општината, најави директорот на ЈКП „Нискоградба“, Методи Силјановски.

 

-Санацијата  на улиците ќе се врши  во координација  со Општина Битола и СВР-Битола. Стручни екипи на „Нискоградба“ и на Општината излегоа на терен, направија увид и утврдија редослед на работите како ќе се пристапува со санацијата на  ударни дупки по улиците низ градот,  но и по локалните патишта. Паралелно со ова ќе се врши и поставување на сообраќајни знаци и столбчиња за оградување на тротоарите  од несовесните возачи. Паркирајќи ги своите автомобили  возачите  ги  оштетуваат тротоарите, а воедно го попречуваат движењето на пешаците, изјави за апла.мк Силјановски.

Средствата за санацијата на дупките по улиците во висина од 7 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Битола, такашто 6 милиони денари ќе бидат наменети за крпењето на улиците, а милион денари за поставување на вертикална сигнализација. Силјановски вели дека оваа сума не е фиксно одредена туку дека ќе се менува според потребите додека не се заврши работата до крај.  

Според Силјановски од следната недела „Нискоградба“ со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Општината почнува со реализација на комунални проекти во потпелистерјето со кои ќе се решава загаденоста на водите на Баба Планина.

Силјановски, вели дека ќе се решава  проблемот со загаденоста на водите кој долги години е запоставуван.

-Како јавно претпријатие почнуваме со  два покрупни комунални проекта, односно изградба на фекална канализација за селото Лавци, со средства обезбедени од Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање и вториот проект, дел од колектор за прифаќање на фекалните води од Националниот парк „Пелистер“, почнувајќи од хотелот „Молика“, потоа Детско одморалиште „Пелистер“, селата Трново и Магарево, се до поранешната живинарска фарма каде е планирана изградба на пречистителна станица, вели Силјановски.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани