2win800x200

Пет лица завршија на болница, меѓу кои и едно дете по сообраќајна несреќа кај Тополчани

Јуни 14, 2018

Пет лица биле пренесени во Клиничката болница во Битола по сообраќајна несреќа која попладневно се случила кај Тополчани, на патот од Прилеп за Битола. Сите се надвор од животна опасност, а меѓу нив има и дете, соопшти за Апла.мк, портпаролката на Клиничката болница од Битола, Сузана Конеска.

 

„Сите петмина беа пренесени во болницата во Битола  и прегледани. Двајца од повредените беа на Одделението за ортопедија, а по укажаната лекарска помош пуштени на домашно лекување. Другите тројца се на Одделението за неурохирургија и им е укажана потребната лекарска помош. Меѓу прегледаните има и дете кое не е повредено и ќе биде пуштено дома, а другите двајца пацинети ќе бидат задржани за понатамошно лекување“, рече портпаролката Конеска.  

Сообраќајната несреќа ја потврди и портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова. Во неа  учестувале три возила, а подетални информации од полицијата најавија за подоцна. .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани