2win800x200

Дефиле на лицата со инвалидност низ Широк Сокак

Јуни 24, 2018

Битолчанецот Томе Ѓорѓиевски има телесен инвалидитет и низ Битола се движи со специјализирано моторче. Но, ретко успева да го паркира на места наменети за возила во сопственост на инвалиди. Приодите до тие места често пати се блокирани со други возила.

„На места каде што има паркинзи за инвалиди, пречки има на приодите. Паркирани коли да не можеш да поминеш. Пред некој ден кај трговската куќа Јавор во центарот на Битола имаше паркирано возило и полицијата тука беше. Им реков на тие од полиција вака не смеат да се паркираат. Ми рекоа дека несовесни граѓани биле. Па, пиши им пријава ако се несвесни тие, бидете вие свесни“, рече Ѓоргиевски.

Тој денес учествуваше во дефилето на инвалидизираните лица низ Широк Сокак. Дефилето во организацина на „Мобилност Битола“ се одржа традиционално по 12 пат,а целта беше да се влијае врз општеството за остварување на правата на лицата со инавлидност.

„Уште во зграда се соочувам со бариера, нема пристапна рампа. Секој ден слегувам со помош на маж ми и ќерка ми. Сакаме да прошетаме, не се живее по цел ден затворен во стан. Болницата е достапна, а другите места не. Аптеките се недостапни. Кај матичниот лекар нема пристапна рампа“, се пожали битолчанката Олгица Огненовска.

На дефилето се приклучи и градоначалничката Наташа Петровска која изјави дека ќе работат на остранување на бариерите кои ја попречуваат мобилноста на оваа категорија на сограѓани.

„Настојувам во нашите средби да таргетираме точно каде се проблематичните точки кои ја попречуваат мобилноста на нашите сограѓани и истите да бидат вградени во програми и во инфраструктурни зафати на Општината како би се реализирале. Би била пресреќна доколку ова успееме да го мапираме и овозможиме уште со ребалансот на буџетот“, рече Петровска.

Проф. д-р Марјан Танушевски, претседател на Македонското научно друштво од Битола, одржа предавање на тема „Лобираме заедно“ при што истакна дека порано архитектонските бариери беа најголем проблем, сега се повеќе е човековиот ум како бариера, односно разбирањето на потребата за да им се помогне на лицата со инвалидитет зашто тоа не треба да биде потреба туку култура на однесување.

„Денес ќе го промовирам универзалниот дизајн што е поткрепа на идејата за култура на однесување и начинот како да им се помогне на овие лица. И ќе ја промовирам Стратегијата за рамноправна поддршка на лицата со инвалидитет со јавните власти која ја има веќе усвоено градот Загреб и мислам дека е лесно применлива во нашиот град и држава“, рече Танушевски.35971978 407997066350332 4679584460625149952 n36063405 407997133016992 7841200446596186112 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани