2win800x200

Водата и таксата за канализација поскапеа за 10 проценти

Јуни 26, 2018

Цената на водата и таксата за канализација поскапеа во просек за 10 проценти. Водата за 2018 година  за домаќинствата од 24, 25 денари по метар кубен поскапува на 27 денари, поточно за 2, 75 денари. За индустријата од 45 денари на 47, 80. Сметката за Нискиградба  поскапува за 1,34 денари за домаќинствата, односно ако досега се плаќаше 10,55 сега ќе се плаќа 11, 89 денари. За претпријатијатаод 15, 83  на 17, 24 денари. .

 

 
Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поскапувањето ќе биде прогресивно  и секое семејство на годишно ниво ќе го чини 1800 денари. 
 
"Од Водовод поскапувањето до 2020 година ќе биде до 21 процент, а за Нискоградба до 25 проценти", рече Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ. 
 
Габриела Илиевска од независната советничка група "Поинаку" рече дека поскапувањето на водата ќе се одрази не само врз домаќинствата, туку и врз индустријата и секоја сфера од живеењето на битолчани кои се во страшна економска криза, во градот ништо не функционира, па сега уште поскапување им фалеше. 
 
Директорите на јавните претпријатија образложија дека поскапувањето од 10 проценти е всушност намалување за пет проценти од првичната цена донесена во јануари. 
 
"Оваа одлука ја наследивме како директори и Општина од претходната локална власт. Но, со доброто директорско менаџирање и поволните финансиски извештаи поскапувањето ќе биде само 10 проценти место првичната одлука од 15 проценти", рече Горан Козаров, директор на ЈП "Водовод". 
 
Тој истакна дека покачувањето на цената е на барање на Регулаторната комисијаза енергетија и препораки Европската Унија за заштита на животната средина.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани