Сенатот на Битолскиот универзитет ќе одлучува за отказот на професорката од Високата медицинска школа, Елизабета Попова Рамова

Јули 06, 2018

Сенатот  на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ ќе одлучува дали професорката од Високата медицинска школа Елизабета Попова Рамова ќе се врати на  работа или ќе го потврди отказот даден од раководството на школата. Во вторник на 10 јули Сенатот по жалбата на професорката Попова Рамова ќе одлучува на седница во Охрид.

 

Професорката Попова Рамова нагласува дека нејзиниот случај е класичен мобинг, бидејќи  после три конкурси и 6 рецензиони комисии , директорот на Школата не обезбедил рецензионо мислење , документите воопшто не биле испраќани на рецензија , вели таа, додавајќи „како може некој да биде избран за професор ако нема рецензионо мислење , кое е опструирано од директорот која ја води постапката и кој е одговорен за споведување на конкурсот“.

Претходно Управниот суд, одлучувајќи по нејзина тужба  ја поништи одлуката со која ѝ беше одземено професорското звање од страна на Високата медицинска школа. Попова Рамова иако беше носител на студиската насока за физикална медицина  беше  отпуштена од работа откако Просветниот инспекторат постапувајќи по пријава за плагијат побара од Високата медицинска школа во Битола да ѝ го поништи звањето професор.жалба

Професорката кога беше отпушена од работа се пожали дека е жртва на реваншизам од страна на некои професори зашто со години наназад се бунела на одредени незаконски постапи при вработување во школата.

„Како академски граѓанин се стремев да се спротивставам на сите незаконитости: непотизам при вработување и притоа прескокнување на звања и избор во повисоко звање што се коси со правилата, избор и доделување на предмети на наставници кои не се од област во која треба да го предаваат предметот, нити докторирале, нити се едуцирале за тоа во базичното образование“, рече професорката.

Директорката Домника Рајчановска пак,  кога на професорката и беше даден отказ изјави дека сѐ што презеле било законски врз основа на претходно донесеното решение од Државниот просветен инспекторат и дека  не можат да држат на работа професор без звање. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани