2win800x200

Прогласена елементарна непогода во Могила

Јули 10, 2018

Општина Могила веќе прогласи елементарна непогода во шест села погодени од лошото невреме со врнежи од град, што предизвика големи штети кај тутунот, пченицата, пченката и други земјоделски производи. Претседателот на Советот Александар Јанкуловски, изјави дека во четири села од пред две недели е прогласена елементарна непогода, а на денешната седница на Совет на списокот ќе бидат додадени уште две села или вкупно шест.

 

Елементарна непогода веќе е прогласена во Могила и Радобор, а од денес и во Долно Српци, Ивањевци, Беранци и Вашарејца.

„Општинска комисија ќе направи проценка на штетите, но за обештетување ќе биде потребно да помогне државата“, рече Јанкуловски.

Најголем дел од земјоделците не ги имаа осигурано земјоделските површини. Дел од немање навика да го прават тоа, а други кажуваат дека дел од осигурителните компании дваесетина дена не им ги осигурувале посевите зашто имало многу пријави за штети од град во Ресенско.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани