2win800x200

Да го испратиме во историјата синдромот да го порекнуваме успехот на другиот, порача Заев од Битола

Јули 14, 2018
Да го испратиме во историјата и да го заборавиме еднаш засекогаш синдромот да го порекнуваме успехот на другиот. Ова е успех на сите нас без разлика на политичката определба, порача премиерот Зоран Заев на општо народната прослава по повод поканата за членство во НАТО што вечерва се одржува во Битола. 
 
"Ги повикувам сите граѓани да си подадат рака, денес силите што не делат не се толку силни како силите што не обединуваат, а тоа се датумот за преговори со ЕУ и поканата од НАТО. Ќе ја повикувам опозицијата од сега понатаму секој ден ајде да ја избереме македонската иднина. Ајде да престанеме со сеење омраза, да се издигнеме над делбите ", рече Заев.
 
Тој најави дека во најкус можен рок ќе се надминат  пречките за ДИК.
 
"Идната недела е недела за разговори, завршија дипломатските посети. Сега со поканата во раце можеме да седнеме сите политички лидери да поразговараме за она што не попречува за успешно спроведување на референдумот. Оттука пречките и за ДИК и за сите други процеси верувам дека како одговорни политичари ќе ги решиме во најбрз можен рок", рече Заев.  
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани