Опожарено возило на партиски функционер на СДСМ

Јули 16, 2018

Форд фокус рано изутринава бил опожарен во строгиот центар на градот  на паркингот кај комплексот згради „Стара болница“.Станува збор за семејното возило на партиски функционер на СДСМ во Битола, поранешен советник во Советот  на Општина Битола.  

 received 281851775885409

Според  полицијата на 16.07.2017 година во 04,20 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, Г.К.(41) пријавил дека на улицата “Климент Охридски“ опожарено било неговото патничко моторно возило Форд фокус со битолски регистерски таблици. Биле опожарени (делумно оштетени) уште две други возила Тојота јарис  и  Мерцедес  со битолски регистерски таблици, кои биле паркирани покрај неговото возило. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Битола. Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

received 281849789218941

Дознаваме дека полицијата има индиции за потпалувачите и нивните мотиви и дека се работи интензивно на овој случајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани