Три кривични пријави за случајот со оставеното новороденче во Битола

Јули 17, 2018

Секторот за внатрешни работи Тетово и Секторот за внатрешни работи Битола поднесоа кривични пријави против три лица за случајот со оставеното бебе пред влезот од Домот за доенчиња во Битола на втори јули годинава. Пријавите се поднесени против малолетната мајка на бебето, нејзиниот невенчан сопруг и нејзиниот татко.
Поради основи на сомнение дека сторилa кривично дело „напуштање немоќно дете“ поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против  17-годишната мајка од Желино. 

                    
Поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“до ОЈО Тетово пријавен е 27-годишниот Ш.А. од тетовското село Долна Лешница, а за истото дело се сомничи и 38-годишниот Б.А. од тетовско Желино, кој и допуштил, односно и дозволил на малолетничката да живее во вонбрачна заедница со друго лице..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани