2win800x200

Сите јавни претпријатија ќе се вклучат во одржување на Реонскиот пазар во Нова Битола

Јули 19, 2018

Одржувањето на Реонскиот пазар во Нова Битола преминува во надлежност на сите  јавните претпријатија, а не само на ЈП „Пазари“. Советот денеска донесе одлука ЈП „Комуналец“ да ја одржува зелената површина, ЈП „Нискоградба“ канализационата мрежа, пасажите и скалите, а ЈП „Водовод“, водоводната мрежа. На овој начин, секое претпријатие ќе биде задолжено за нормално функционирање на работите  за кое е надлежно

 

- По прекинувањето на договорот на Општина Битола со фирмата „Полимер“, во 2014 година овој Совет донесе одлука одржувањето да го преземе ЈП „Пазари“. Но, поради олеснување на работите, односно од технички причини, се предлага измена-одржувањето и уредувањето да го преземат јавните претпријатие и работите да ги распределат според своите надлежности. Со оглед на тоа што никој нема во својот делокруг на работа одржување на покривната конструкција, предлагам јавните претпријатија на заеднички состанок да одлучат кој тоа е го извршува, по што тоа ќе влезе во договорите што ќе ги потпишат со Општина Битола , рече советникот Методија Илиевски, од комисијата за комунални јавни дејности во Светот на Општина Битола.

Директорот на ЈП „Пазари“, Александар Касапов вели дека со оваа одлука очекува подобрување на целокупната состојба на Реонскиот пазар во Нова Битола.

-Досега сите обврски околу одржувањето беа  на ЈП „Пазари“ што беше голем финансиски товар, но истот така, сето  тоа не беше во рамките на нашите надлежности. Во овој случај, со измените, секое јавно претпријатие ќе си ја преземе својата обврска, дел од одржувањето останува и на ЈП „Пазари“, но значително ќе се намалат нашите трошоци. Со оваа одлука очекувам да се подбри целокупната состојба во Реонскиот пазар, изјави Касапов за апла.мк

Од советничката група Поинаку посочија дека директорот на ЈП „Пазари“ досега презел повеќе активности за решавање на проблеми во Реонскиот пазар, но, побараа да се изнајде решение за проблемот со продавачите на земјоделски прозиводи од камини паркирани на паркинг просторот кај Реонскиот пазар.

-Да се направи заеднички состанок, не само со директорите, комисијата за комунлани јавни дејности, советници, тезгаџиите и дуќанџиите во Ренскиот пазар, како и жителите од тој реон. Да се разговара и да се договорат некои работи кои се поврзани со Реонскиот пазар, посебно во делот на паркингот каде од камините се продава зеленчук и овошје. Оваа одлука ако остане вака, нема да добиеме некое подобрување на она што се случува таму. Потребно е поширок круг носители на таа дејност да донесат заклучок во врска со оваа состојба, изјави Габриела Илиевска, од советничката група Поинаку.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани