МАГНЕТНАТА РЕЗОНАНЦА ВО БИТОЛСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ЌЕ РАБОТИ 24 ЧАСА (ФОТО ОД ПОСЕТАТА НА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ)

Јули 28, 2018

Околу 10 август магнетната резонанца во Клиничката болница во Битола ќе работи 24 часа, најави министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на установата. Тој со директорот на болницата Зоран Лазаров и другиот раководен тим во болницата договорија таа да биде пилот проект каде ќе се спроведе модел за работа на резонанцата по примерот Хрватска. Целта е да се излезе во пресрет на пацинетите и да нема долги листи на чекање.

 

„Има доволен број на радиолошки техничари кои можат да ја опслужат таа служба во период од 24 часа, вклучувајќи ги и викендите и очекувам дека така листата на чекање значајно ќе се намали. Ако тоа покаже резултати, а е модел имплементиран во Загреб, Хрватска, каде листи на чекање практично снемало, тоа ќе го имплементираме и на други места во државата. Ќе направиме регионални центри каде ќе има таква услуга 24 часа. Треба да ги средиме административните работи во однос на закажувањето и Битолската болница ќе биде прва во државата каде термини за магнетна резонанца ќе се закажуваат во тек на 24 часа секој ден“, рече министерот.

По долго време кадровски Битолската болница се подмладува со 70 нови вработувања, од кои 30 лекари и останат медицински персонал, а само мал дел немедицински кадар.

„ Сметаме дека кадарот треба многу да се зајакне, треба тоа да им го понудиме на нашите млади доктори со цел да останат и да се едуцираат во нашата земја. Со оглед на тоа дека интересот е многу поголем од понудените места, разговаравме да се побараат уште дополнителни места пред сѐ за доктори и тоа ќе го направиме во следниот месец, а до Нова година со оглед на тоа што болницата за дополнителни места нема да има свои средства, ќе определиме средства од буџетот за да се вработат уште 100 луѓе од кои најмногу доктори и медицински сестри“, рече Филипче.

Тој додаде дека при крај е изградбата и инсталацијата на линеарниот акцелератор со што за првпат во Југо-западниот дел од Македонија пацинетите ќе добијат зрачна терапија и не ќе мораат да патуваат во Скопје. Ќе се вработат потребни кадри и најави дека следните месеци центарот ќе проработи.

„При крај е изградбата и инсталацијата на линеарниот акцелератор со што за првпат во овој дел на нашата земја ќе се понудат онколошки сервиси, луѓето нема да треба да патуваат во Скопје. Има современо Онколошко одделенеие во кое работат доктори и медицински сестри, планираме прием и на песонал во институцијата каде ќе биде сместен линеарниот акцелератор. Неколку фази се поминати останува да се надгради уште електронскиот систем, да се едуцираат докторите и физичарите кои ќе работат на акцелероатотот и искрено се надевам дека во следните месеци тој процес ќе се финализира и конечно овој центар ќе проработи“, рече министерот.37998776 439781453171893 1181175345668161536 n

37908843 439712993178739 8444825153354858496 n

55

37893745 439781216505250 3753788695010869248 n37963606 439807726502599 2209017468356132864 n

37956637 439712389845466 5665939445501657088 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани