2win800x200

Почнаа Илинденските чествувања

Август 01, 2018

Македонија денес слави 115 години од Илинденското востание и 74 години од АСНОМ.

Трите главни чествувања на националниот празник Илинден, на Втори Август, и оваа година ќе бидат на Мечкин Камен, Во Пелинце и во Скопје.

Во Крушево годинава поздравниот говор ќе го одржи претседателот Ѓорѓе Иванов, во меморијалниот центар Пелинце ќе оди делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а чествувањето во Скопје ќе го предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери.

По повод празникот Илинден, во 9,30 часот пред споменикот на Илинденците во храмот „Св. Недела“ во Битола делегација од Општина Битола ќе положи цвеќе. Во 10 часот полагање цвеќе ќе има на споменикот пред Центарот за култура, а во 10.30 на споменикот во с. Цапари..

 

 Во организација на Матицата на иселениците од Македонија и Светскиот Македонски Конгрес во потпелистерското село Трново, битолско, во дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица“ ќе се одржи традиционалната 47 Семакедонска Средба Трново 2018 и 38 Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани