Сите патишта водат кон Преспа (фото)

Август 12, 2018

Туристичките населби и кампови покрај Преспанското езеро денеска вријат од капачи и туристи, а возачи потврдуваат  дека утрово имало невообичаена гужба на патот од Битола кон повеќе одморалишта крај Преспанското езеро.  Така е денеска  и во автокампот Крани каде битолчани се најчестите гости.

  Кампот сместен во подножјето на планината Баба и на брегот на Преспанското Езеро на надморска висина од 850 м.н.в. е вистинска воздушна бања за посетителите.  Плажата е полна со капачи, а се ужива и под дебелите сенки на дрвајата кај автокампот.

Дебелите сенки на дрвајата  се запоседнати од камперите и туристите од кои голем дел од нив повеќе од 30 години се  „станари“ на Автокампот. Различни жанрови на музика од транзистори, мирис на скара, детски џагор се слушаат  од секое ќоше што го прави уште поубав престојот овде покрај водите на Преспанското езеро.

Ренесансата што автокампот Крани и воопшто Преспа ја доживеа изминатите години со средување на плажите и летувалиштата  се потврда за уште една успешна летна сеозна.

received 2091107277874293

received 691917851142762

 

 krani1

krani2

krani3

krni4

krani5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани