2win800x200

Казнети возачите што паркирале пред Офицерски дом

Август 15, 2018

Мандатни казни од по 50 евра во последните два месеца Комуналната испекција му изрекла на 95 возачи кои своите автомобили ги паркирале несоодветно, а најголемиот дел од нив по тротоарите и тревните површини на Офицерски дом.

 

Од Општина Битола велат дека Одделението за комунална инспекција и инспекција на животната средина, во согласност со Законот за јавна чистота и Законот за комунални дејности, по дојава на граѓани, во повеќе наврати реагирале на терен со соодветни законски санкции против лицата кои непрописно паркирале на тревни места и тротоари. Ова особено се однесува на просторот кај Офицерскиот дом, кој несовесните возачи го користат како паркинг простор.

Општина Битола упатува апел до граѓаните да не паркираат на несоодветни места, особено на просторот кај Офицерскиот дом, бидејќи тоа е непрописно, а се нарушува и безбедноста на граѓаните и пешаците.4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани