Со средства од Општината се реновира Техничкото училиште во Битола

Август 17, 2018

Едно од ретките, а  можеби и единствено оваа година Техничкото училиште во Битола реновира два кабинети со  странска донација како и одводот и доводот во 8 училници.   Санацијата се извршува со финансии од  Општина Битола  во висина од 171 000 денари и помал дел со сопствени средства.

При денешната посета на школото можеше да се види што се е заменето и во која состојба била инсталација, зарѓени цевки, дотраени инсталации, влага по ѕидовите. Но, она што се обновува и реновира особено новите кабинети  ветуваат  подобрување на состојбите.  

 

-Кабинетот  по физика се реновира, тој  е еден од двата кабинети кои се уредуваат со донација од Амбасадата на Р. Германија во висина од 5 500 евра.  Го средуваме заедно со Општина Битола која е партнер во таа донација со нашето училиште. Другиот кабинет е за пракса по електро-енергетика и во него се започнати работите претежно на замена на дотраената санитарна и водоводна инсталација. Исто така санитарната и водоводна инсталација се санира уште во 8 други училиници  каде состојбите беа најкритични, изјави Владимир Роме, директор на техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“-Битола.  

Техничкото училиште е изграедно 1986 година и од тогаш до сега нема покренато ниту една капитална инвестиција или интервенција, така што денеска оштетувањата во самиот објект се големи,  а во очи паѓа  и старата дограма. Така што Техничкото училиште можеби е и единствено во градот каде што нема поставено ПВЦ дограма со што се прават големи загуби  на енергија во текот на грејната сезона.  

-Се надевам дека ќе наидеме на поголемо разбирање во иднина со Општината и оваа помош ќе се интензивира и зголеми . Во моментот оваа инвестиција на Општината  е околу 3 илјади евра за поправките што сега се прават во моментот.  Се надевам дека ќе ги подобриме условите за работа и за учениците и за вработените ,вели директорот Роме.

received 326147617957510

received 322835331623989

received 1765202960253418

received 2106443886261490

received 2098159733844599

received 226101148062831

received 305205123371996

received 2132510790303666

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани