2win800x200

Од вечерва повторно затворена обиколницата над Битола поради појава на ново свлечиште

Август 25, 2018

Обиколницата над Битола од вечерва е повтрно затворена за сообраќај поради ново свлечиште што се појави на овој дел од патниот правец Прилеп-Битола-Охрид.

Од АМСМ објавија дека вечерва во 19, 40 часот патот  А3 од раскрсницата кај битолското село Крклино до бензинската пумпа Лукоил, кај месноста Билбил Камен е затворен за сообраќај во двата правци.

Овој дел од обиколницата беше пуштен во употреба во мај годинава, откако беа санирани две свлечишта , кои се појавија по големите поплави во Пелагонија во 2015 година.

Патот повремено беше пуштан во употреба, но секое ново лизгање на земјиштето од ридот создаваше проблеми, затоа што имаше одрони од камења на коловозот.

Најверојатно поројните дождови ова лето повторно активираа делови од ридот поради што оваа делница од вечерва е повторно затворена за сообраќај

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани