2win800x200

ЕШ, ЏИНОВИ, ВЛЕЧЕН ВОЗ И ТИТОВА ШУМА ВО РЕК, РЕТРОСПЕКТИВА ЗА ИЗГРАДБАТА НА КОМБИНАТОТ

Август 28, 2018

Багерите за ископ на јаглен поради нивната големина биле нарекувани џинови, а багерот ЕШ вработените го викале народски „ежот“ поради сличноста на зборовите. Местото за одлагање на откривката било опишувано како висорамнина, а зелениот појас што се засадувал во близина на браната на РЕК, Титова шума. За ваквите невообичаени имиња кои им се давале на опремата и промените кои настанувале во околината кога се градел РЕК зборуваат текстовите што во „Битолски весник“ кон крајот на седумдесетите години го објавувале новинарите.

Тие деновиве се дел од изложбата „Од камен темелник до ТЕ Битола 3“ во организација на ЕЛЕМ, РЕК и „Битолски весник“.

„Ежот“ почна со работа, стои наслов во „Битолски весник“. Во текстот пишува: „Деновиве во Површинскиот коп на РЕК почна со работа багерот ЕШ -6­/45. Монтажата на овој „џин“ траеше повеќе месеци и во неа, покрај домашни, учествуваа и стручњаци од Советскиот Сојуз. Багерот ЕШ е тежок 292 тони со инсталирана сила од 520 киловати, во големата кошница собира 6 кубици земја. Багерот е наменет за ископ на земја во длабочина од 22 метри“.

Друг наслов: „Во РЕК започна монтирањето на двата џинови“ , тоа се однесува на багерот СРС 2000 и одлагачот ЗП 6000. Багерот СРС 2000 е претставен како најголема машина од ваков вид во нашата земја. Висок 55, а широк 45 метри, неговата тежина иннесува цели 2800 тони. Поголемиот дел од опремата е е испорачана од Демократска Република Германија , а електроопремата е од „Раде Кончар“.

Интересен е податокот дека со охридското претпријатие „Електромонтажа“, РЕК договарал заедно да набават таканаречен влечен воз. Ова несекојдневно возило требало да се движи по постојните патни сообраќајници, а било наречено воз зашто неговата должина личела на железничка композиција. Со него се планирало да се пренесуваат тешките железни и други материјали за потребите и комплетирање на РЕК. Во весникот е забележано: „Овој Голијат на тркала ќе развива брзина од 5 до 10 километри на час“. Оваа реномирана фирма работела и на подготовка на електрофилтрите во вредност од 70 милиони динари.

Титовата шума, пак била зелен појас од 88 зимзелени дрвца што ја засадиле од Синдикалната организација на Рудникот во слободните часови. Зачувани се и податоци дека за време на изградбата на Комбинатот во посета дошол и членот на Претседателството на ЦК на СКЈ, Лазар Колишевски. Тој покрај за изградбата на Комбинатот се интересирал и за тоа што се презема за заштита на човековата средина зашто како што е забележано во написот, согорувањето на јагленот може да го загадува воздухот. Му било кажно дека ќе бидат поставени најсовремнени филтри.

Ова и уште многу други интересни податоци за изградбата на македонскиот електро-енергетски стожер можат да се најдат во новинарските текстови на изложбата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани