2win800x200

Потпишани меморандуми меѓу РЕК-Битола и трите пелагониски општини

Август 30, 2018

-Ајде, со среќа да ни е денешната спогодба и соработка, рече генералниот директор на РЕК-Битола, Васко Ковачевски на денешното  потпишување на меморандуми за соработка со градоначалниците на општините Битола, Новаци и Могила, Наташа Петровска, Љубе Кузмановски и Јасмина Гулевска.

Според првиот човек на РЕК-Битола , комбинатот сака да им помогне на соседните општини во делот на економијата, социјалата и пред се во екологијата.

 

-Комбинатот  РЕК-Битола којшто е во состав на А.Д ЕЛЕМ, не само што е најголем производител на електрична енергија во Р. Македонија, туку и компанија којашто е општествено одговорна и својата одговорност ја темели врз декларацијата за општествена и социјална одговорност. Токму затоа ги потпишуваме меморандумите за соработка  со општините  Битола, Новаци и Могила, бидејќи кај овие општини можеме да помагаме и соработуваме во делот на надлежностите на локалната самоуправа , екологијата, образованието, инфраструктурата, комуналните дејности. РЕК-Битола помагал и натаму ќе помага, беше категоричен Ковачевски .  40383086 274909356675693 3832337212993699840 n

Соработката меѓу општина Новаци и РЕК-Битола  е во континуитет над две децеении, а во иднина  таа ќе се фокусра во најголем дел на екологијата и пошумувањето, велат од општината.

-Денеска го потпишавме меморандумот со РЕК-Битола, А.Д Елем но тоа не значи дека денеска почнува соработката со оваа институција, ние уште од 1996 година со формирањето на Општина Новаци имавме соработка , а ова е само официјализирање на сето тоа. Имаме заедно реализирано повеќе проекти   и се надеваме дека во иднина се ќе се движи во насока на екологијата, а секако дека имавме проекти  и во делот на образованието, рече градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузмановски.  40353229 2217747048501921 814795509829992448 n

И за Општина Могила овој меморандум не само што ја зацврстува соработката со РЕК-Битола, туку тоа ќе значи воведување на подобри практики во делот на животната средина , туризмот и образованието.

-Со средства од Министерството за животна средина кои произлегуваат токму од загадувањето на комбинатот  РЕК-Битола, Општина Могила со 2, 8 милиони  денари ќе гради два нови паркови во населените места Будаково и Мусинци, изјави градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска.40352594 288315568631354 2898444940105220096 n

Честитајќи им го празникот на рударите, со желби за добро здравје,   градоначалничката на Битола, Наташа Петровска рече дека меморандумот е само потврда за успешната соработка во интерес на граѓаните.

-Ингеренциите коишто ги има секоја локална самоуправа во голем дел се поклопуваат со можност за поддршка од РЕК-Битола, сме ја имале во сиот изминат период  со стучен кадар но и  финансиска помош. Ова што денес се случува е само потврда на таа соработка, продлабочување на истата и овозможување практично за уште поуспешно заедничко делување за сите граѓани во следниот период, рече градоначалничката на Битола, Петровска.40397957 252276708827219 8927735264479019008 n40258815 262837454438519 7623369480688631808 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани