БИТОЛЧАНИ ДОТЕРАНИ НА ТОЧАЦИ

Август 30, 2018

Облечени по фустани, високи потпетици, шапки, венчиња од цветови, па дури и вратоврски, битолчани дотерани возеа точаци. Тие беа дел од настанот 51-ва критична маса „Дотерани на точак“ чиј повик беше „Да возиме како прави дами и господа“. На велотурата се придружија неколку стотици битолчани, а велосипедската дружба започна од плоштадот Магнолија, се одвиваше низ градските улици и заврши во Бар чаршија.

 

Целта беше да се упати порака против сите стереотипи кои се поврзани со возењето точак, и тоа, дека тој е само за луѓето од пониските социјални слоеви, дека се вози облечен по тренерки, дека луѓето не ги личи да се дотераат и да си одат на работа на точак секојдневно, дека не е кул да се оди на училиште на точак во најновите алишта, дека не може да се вози со фустан, со штикла.

„Граѓаните да не се гледаат на точакот само како на средство за рекреација, возење по тренерки надвор од градот, во природа, туку да се користи активно како најбрзото средство за превоз за локален транспорт, за на работа, за одење на училиште, на факултет“, рече Виктор Илиев од граѓанската иницијатива „Битола на точак“.

Кон локалните институции беше упатена пораката да престанат точакот да го третираат само како средство за рекреација и да ги тераат граѓаните да возат надвор од градот, туку да го сметаат како средство за алтернативен транспорт која може доста да придонесе заедно со јавниот превоз во намалување на сообраќајниот метеж. Беше упатена и порака да се изгради соодветна и безбедна вело инстраструктура.

Според истражувањата, само 20 проценти од битолчани одат дотерани на велосипед на работа. Од политичарите, раководителите, директорите, советниците беше кажано дека само неколкумина советници одат до Советот на велосипед.40370442 233437597345159 4093752016667410432 n

40474639 236252223710595 5247831234003861504 n40486129 239203110131216 6820742257453301760 n40358051 2062679017078430 6309290843106705408 n40371397 275755053037368 3044023719891566592 n40446769 2191809501065010 710206901484257280 n40410498 264568837715962 5135275852166070272 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани