2win800x200

ЕВН ја вклучи струјата во битолските училишта откако Општината плати поголем дел од долгот

Август 31, 2018

Вклучена е струјата во десетте битолски училишта кои ЕВН ги исклучи пред еден месец поради неплатени сметки во вкупен износ од 8 милиони денари, со што се создадоа услови за непречен старт на новата учебна година.  Општина Битола  подмири поголем дел од долгот  на 8 основни и 2 средни школи, кои од 2012 година имаат блокирани сметки и не можат редовно да ги плаќаат обврските. Остатокот е договорено да се плаќа на рати. Доверителите покажале добра воља на кратко да ги повлечат извршните решенија за да се деблокираат сметките.

-Од месец јули досега со макотрпни напори успеавме училиштата да ги одблокираме за краток период, како би имале законска можност заостанатиот долг во најголе дел го подмириме, а со одредена динамика на исплата на помлку заостанатиот дел и слухот на ЕВН , ни се овозможи електричаната енергија во училиштата да биде пуштена. Имавме макотрпна работа со довериелите кои беа на листата на извршување, но благодарение на взаемната доверба и разговорите со нив успеавме да ги одблокираме сметките на училиштата за да се плати струјата, изјави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Вкупниот долг на битолското образование изнесува 4,5 милиони евра. Училиштата, покрај долговите за струја, должат за училишен превоз и кон други добавувачи, а некои 10 години не платиле за вода и други комуналии. По исплатата на дел од долгот кон ЕВН, на 10 училишта сметките повторно им се блокирани.

-Сакам целокупната јавност да знае дека станува збор за проблем кој е наследен и во сиот изминат период се бориме како да го надминеме. Долговите на училиштатат остануваат и останува оваа власт да изнајде начин како да ги подмири , рече Петровска

Негрижата за образовните институции во градот е повеќе од евидентна, посочи градоначалниката, објаснувајќи дека се соочувале со проблеми и при санацијата на некои училиша

- Онаму каде што ги започнавме реконструктивните зафати, при изведувањето се отвораа нови проблеми токму поради негрижата која години наназад ја немало за образованието. Тековно ќе следуваат и дополнителни актиновсти, а дел од бојата која што ја добивме од запленетата роба на Агенцијата за управување со одземен имот, насочена е во образовните институции, за да се помогне во подобрите услови за настава на учениците и досегашната негрижа да биде чекор по чекор санирана. Факт е дека ни претстои макотрпна работа за да ги санираме сите проблеми кои ги имаме затекнато во образовните институции во Општина Битола, рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани