2win800x200

Со влезот во НАТО ќе се зацeментира нашата граница, рече Пендаровски во Битола

Септември 02, 2018
 
 
Ако се менуваат повторно границите на Балканот, тоа не може да биде само меѓу Белград и Приштина. За жал, можно е колатерална штета да биде и Македонија после и некои други држави. Мораме да водиме сметка за државата и затоа без да плашеме никого, со референдумот, најубаво е да си ги суредиме работите и да станеме членка на НАТО, изјави националниот координатор за членство во НАТО, Стево Пендаровски, во Битола. 
Запрашан дали на средбата Заев-Вучиќ на Табановце ќе се разговара и за опасноста од промена на границите на Балканот, тој рече средбата е за да се продлабочи добрососедството, но дека тоа се прилично сериозни информации кои не смеат да се отфрлат.  .
 
,,Да влеземе во НАТО во кое постои член 5 од Основачкиот договор на Организацијата кој вели нападот на една земја е напад на сите. Границите на Македонија ќе бидат зацeментирани за век и веков кога ќе станииме полноправна членка на НАТО, а стануваме многу кусо по уставните промени што треба да ги направиме  по успешниот референдум", рече Пендаровски. 
 
Тој истана дека референдумот на 30 септември по својата историска тежина и значење е еднаков со референдумот од 8 Септември  1991 година затоа што тогаш македонските граѓани гласаа да имаме држава. Сега на 30 септември, како што рече Пендаровски, ќе гласаме таа држава дефинитивно во меѓународни рамки да биде запечатена, осигурана и од сите призната како држава во која живеат граѓани од различна вероисповед и национална припадност, но во која живеат и етнички Македонци кои зборуваат на македонски јазик.
 
,,Немам никакво разбирање за оние кои повикуваат на бојкот за референдумот. Можам да разберам и некој да биде против, демократско право е на секој од нас. Но, зошто да бидете за бојкот кога се работи за историска пресвртница, крстосница во која треба да кажеме 'да' за македонската иднина. Да седите дома на 30 септември е најголем степен на граѓанска и лична неодговорност и кон себе и кон семејството ваше и кон државата во која живеете, да немате став за референдумското прашање кое вели дали сакате Македонија да ја биде еднаш засекогаш во друштво со најголемите во светот", додаде Пендаровски. 
 
Истакна дека анкетите покажуваат 10 до 15 проценти предност за оние кои се за и не е точно дека референдумот може да успее само со албанските гласови зашто  предноста е јасна и во македонскиот етнички табор. 
Попладнево во 18.30 часот во салата на Народниот театар во Битола Пендаровски ќе одржи трибина на која ќе ги соопшти своите аргументи за референдумот и европската иднина на Македонија. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани