2win800x200

По 4000 денари за секое прваче во општина Новаци

Септември 03, 2018

По повод стартот на новата учебна година градоначалникот Љубе Кузманоски го посети централното училиште Славко Лумбарковски -Новаци и заедно со директорот на училиштето Илче Соклевски им посакаа топло добредојде на 17 првачиња од кои 9 првачиња во ЦОУ. Славко Лумбарковски и 8 првачиња во подрачните училишта.

 

„Први септември е денот кога сите ние сме започнале една нова фаза од животот. Тоа е денот кога сите ние за првпат сме седнале во училишните клупи. Тогаш сите сме сфатиле дека образованието е битно за нашиот личен развој. Знаењето и вештините стекнати во образовниот процес ни овозможуваат развивање и ни гарантираат подобра иднина. Денес им посакав топло добредојде на сите 17 првачиња и успешен старт на учебната година и успех на 268 одделенци во основните училишта во Општина Новаци .Со одлука на совет обезбедивме и паричен надоместок од 4000 денари за секое прваче кое ќе се запише во новата учебна година во ООУ ‘Славко Лумбарковски’ со цел намалување на трошоците на родителите  во обезбедувањето на училишен прибор .Образовниот процес непречено се одвива немаме никакви финансиски проблеми и обезбедивме успешен старт на новата учебна година " - истакна градоначалникот Кузманоски.пп

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани