Нашите деца ќе ни заблагодарат за европска Македонија, рече Зоран Заев во Битола

Септември 09, 2018

Никој не може да негира дека моравме да направиме компромис , тоа е болно и јас целосно го разбирам и подеднакво го чувствувам. Но, во основата на секој компромис лежи напредокот, поместувањето од мртва точка. Кога утре во европска Македонија ќе им погледнеме на нашите деца в очи, ќе ја сфатиме величината на тој компромис. Ве уведувам нашите деца ќе ни се заблагодарат што на прв план ги ставивме нивните интереси, порача премиерот Зоран Заев од митингот „За европска Македонија“ во Битола.

Обраќајќи се пред битолчани на плоштадот Магнолија, тој истакна дека референдумот на 30 септември е втора наша независност, по онаа изгласана на 8 Септември.

 

„Што е независност? Да бидеш во изолација кога никој не те игра, не е независност. Незвисност е кога си земја членка на двете најмоќни заедници на светот, на економската ЕУ и на безбедноста НАТО. Ете, тоа е нашата втора независност. Има ли поважно од нашите деца и нивата иднина? Има ли поважно од нашата Македонија и иднината на генерациите што доаѓаат после нас? Сите ние имаме должност да излеземе на гласање за нашата втора незвисност за да ја обезбедиме нивната иднина“, рече Заев.

Тој порача дека време е Република Македонија да тргне уште побрзо по вистинскиот пат кој е над дневните расправии на политиката и жестоките полемики на нашето општество. Со ВМРО-ДПМНЕ рече дека можат да имаат политички разлики и да продолжат со секојдневни политички битки, но за иднината на Македонија сите треба да бидат едногласни. Од Битола ги повика Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на кампањата „За“ и да покажат дека Европа и НАТО се над дневната политика. Иднината на Македонија е над дневната политика, рече Заев.41348473 339127156831598 1953587293587505152 n

260 000 евра дневно од ЕУ за Македонија

Тој се осврна на економските придобивки што ги ќе ги има земјата од ЕУ.

„Вкупната годишна европска помош за Македонија е повеќе од 90 милиони евра годишно. Тоа се 260 000 евра дневно, помош од Европа за Република Македонија. 15,5 милиони евра годишно за Македонија од ЕУ и програмите за транспорт. Тоа се пари за патишта, железници, мостови и тунели. 8,5 милиони евра европски пари за заштита на нашите граници. 15 милиони евра годишно за земјоделство во Македонија. 18 милиони евра за реформи во правосудството и полицијата. И безброј вакви други поддршки за граѓаните на Македонија. Со ЕУ иднината на нашите млади луѓе е безбедна“, рече Заев.

Истакна дека ЕУ досега само во Пелагонискиот Регион во последните 3 години издвоила преку 60 милиони евра. За подрршка на развојот на демокартијата и доброто владеење во локалната самоуправа 8,5 милиони евра. За поддршка на земјоделството и руралните средини 7,8 милиони евра, за поддршка на проектите во образованието, вработувањето и социјалата 6,8 милиони евра. За заштита на животната средина 25 милиони евра. За поддршна на транспортната инфраструктура 17,8 милиони евра и за поддршка на проекти за владеење на правото, конкуренцијата и иновацијата повеќе од 500 000 евра.41348494 301350250458089 2074844124548169728 n41380339 1916626111976058 1092688728628920320 n41398336 458604911318293 2653854343668695040 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани