2win800x200

И битолчани имаат своја Balans+ Зона на Тумбе кафе

Септември 14, 2018

Битолчани од денеска добија своја Balans+ Зона на Тумбе кафе донација од битолската млекарница „Бимилк“. Новото место за спорт и рекреација на Тумбе кафе е значаен  придонес на млекарницата  за своите корисници и чекорите за подобрување на нивниот живот и условите во општеството, преку помагање на спортот, културата, едукацијата на младите и грижата за сите категории граѓани.

 

-Горда сум  да ја најавам и да ја отвориме оваа втора по ред Balans+ Зона, за којашто добивме согласност од Општина Битола да го возобновиме спортско- рекреативното катче на Тумбе кафе, коешто верувам дека нам битолчани ќе не поттикне и ќе допринесе за редовен спорт и рекреација на оваа локација. Како компанија „Бимилк“ има цел да ги мотивира граѓаните на редовни и здрави навики и поттикнување на здравиот начин на живот. Верувам дека оваа зона на Тумбе кафе и донирањето на оваа  Balans+ Зона сите нам ќе не мотивира на здрав начин на живот, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во „Бимилк“ на отворањето на зоната во Скопје.

Денска на Тумбе кафе се искачи и градоначалничката Наташа Петровска , откако претходно Советот  на Општина Битола едногласно ја прифати одлуката за примање на донација во вид на опрема за фитнес-зона  на подрачјето на општина Битола  од Млекара АД Битола.

-Ова е место каде битолчани често рекреираат ги поминуваат утринските и попладневните часови , се радувам што Бимилк ги препозна потребите на битолчани и овозможи овој простор да се оплемени , да се освежи да за можат битолчени да ги изведуваат свооите рекреативни активности. Убедена сум дека со вака оптествено одговорна компанија како Бимилк сигурно и во иднина ќе имамае длабока соработка токму во итресе на задоволување на граѓаните во насока на здрав живот, рече градоначалничката Наташа Петровска.  received 2174364239468663received 329626064271064received 2230770883833562received 583577468723598received 233486137326617received 323576485065683

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани