Street gif

Полицаецот пред обвинител се бранел со молчење, иако претходно в полиција го признал убиството

Септември 15, 2018

Притвор од  30 дена му е одреден  на 23 годишниот полицаец од Битола, Енвер Т., откако попладнево прилепската полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава поради основи на сомнение за извршено убиство. Иако полицаецот при распитот во полиција го признал делото, дури и во детали опишал како го извршил, сепак на сослушувањето пред јавeн обвинител се бранел со молчење.

Осмничениот полицаец во петокот околу 16 часот со 4 куршуми го застрелал битолчанецот Бекир А. (36) а потоа го запалил неговотo тело. Настанот се случи во близина на прилепското село Беловодица, на превојот Плетвар. 

Според соопштението што го објави МВР вечерва, осмничениот полицаец вчера на пладне контактирал со сега покојниот Бекир и му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф“, сопственост на трето лице за 3600 евра. Преку пораки на ФБ се договориле Бекир да го види возилот во 14, 30 часот, по што двајцата се упатиле кон прилепското село Беловодица, оддалечено 60 километри од Битола, каде што наводно требало да ги чека сопственикот на возилото.

Откако стигнале во атарот на селото, двјацата излегле од автомобилот, по што Енвер Т. го извадил својот службен пиштол кој го носел со себе иако не бил на должност и испукал 4 куршуми кон Бекир, кој бил усмртен на лице место, по што  од него одзел чантичка во која имало 4000 евра, пари кои убиениот ги носел да му плати на сопсвеникот на возилото. Потоа осмничениот од возилото извадил шише со бензин и црна капа која ја ставил на лицето на убиениот, го полеал со бензин и го запалил. По убиството со возилото се вратил во Битола.

Кусо време по настанот, случаен минувач, односно рибар кој одел кон Мермерното езеро на риболов, пријавил дека на патото кон Беловодица гори непознато лице, но полицијата не открива дали тој е очевидец на ова свирепо убиство.

На местото на настанот веднаш излегла полициска екипа која го пронашла изгореното тело со прострелни рани. Од личните документи што биле пронајдени кај него , идентфикуван е 36 годишниот Бекир од Битола. Покрај телото се пронајдени и траги од два автомобила, чаури и едно зрно.

Неколкуте жители во Беловодица, велат дека не виделе ништо, иако некои од нив слушнале истрели, сепак, тоа не им го нарушило вообичаеното секојдневие

-Мажот ми го напасуваше добитокот, кога слушнал некоку истрели , со пиштол ли било, не знам не видел. Потоа си ги прибра кравите и се врати дома. Денеска таму видовме имаше многу луѓе, полиција, рече Блага Мицевска од Беловодица.

Полицаецот по извршеното убиство се вратил во Битола, а на неговиот ФБ профил  објавувал  фотографии и означувал локации каде се движел низ градот. Полицијата го пронашла после полноќ

-Веднаш се преземни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и околу 2 часот по полноќ е  привден во полициска станица каде го призна делото и детало појаснил како го извршил, рече Тони Ангеловски, портпарол во МВР.

Обивнителството побара обдукција врз телото на убиениот Бекир Т, а службениот пиштол на полицаецот  е одземен и ќе биде предмет на балистичко вештачење, информираат од полицијата

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани