2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ порача битолчани да си ја вратат тапијата од Битола

Октомври 13, 2017

Битолчани да си ја вратат тапијата од Битола, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ, но, не посочија каде е, кој им ја одзел и од кого треба да ја земат. Партијата која 10 години ја имаше централната власт и 12 години, односно три мандати, локалната власт во Битола, денес на последниот ден од изборната кампања за овие локални избори, обвини за притисоци и закани од страна на СДСМ врз јавната администарација, пензионерите, ранливите категории граѓани...

Партијата која додека ја имаше власта, со години ја партизираше јавната админситрација, вработуваше по партиски клуч, отпушташе од работа луѓе, го узурпираше судството, медиумите, која формираше невладини здруженија за партиски потреби, организираше контрапротести, а нејзини високи функционери се осомничени и обвинети за злоупотреби од СЈО, сега ги повикува граѓаните, без страв, да гласаат за нив.

-Почитувани битолчани, немојте да се плашите. Уплашени се и треба да бидат тие, а не вие. Може да ви се заканат на работа во РЕК, да побараат да не одите на митинзи. Може да ви всадат страв дека ќе останете без социјална помош, без детски додаток или додаток за туѓа нега. Може да ве омаловажуваат на работа, само затоа што сте ставиле лајк на фејсбук или затоа што јавно сте се ракувале со противничкиот кандидат на Широк Сокак. Но, треба да знаете дека со ниски закани се служи само оној кој е уплашен и е во паника. Немој да ве поколебаат и да заборавите дека таму, в недела, зад параванот, вие сте власта и стопанот на овој град и на оваа земја и дека вашиот глас е најсилното оружје да се спротивставите на оние кои ве прават да се чувствувате немоќни. Со заокружувањето на бројот 13 ќе го направите првиот чекор да си ја вратите тапијата и на Битола и на Македонија, рече Благој Шаклевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Тој посочи дека граѓаните на Битола се заплашуваат со рации, инспекции, упади, полиција и видливо присуство на луѓе и возила на раскрсници, по булеварите и на Широк Сокак и ги обвини СДСМ и Заев дека преку МВР и Министерствот за труд и социјала ги вршат најголемите притисоци врз граѓаните.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани