Клаудија Кардинале пристигна во Битола, сѐ е подготвено за вечерашниот филмски спектакл

Септември 22, 2018

Легендарната филмска дива Клаудија Кардинале попладнево пристигна во Битола, а таа допатува заедно со нејзината ќерка, која се вика исто како неа, Клаудија. Гостите ги пречекаа директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор Благоја Куновски Доре. Клаудија Кардинале вечерва ќе прошета по црвениот килима, а на свеченото отворање на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе ѝ биде врачена наградатат златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.

Утре, публиката ќе има можност одблиску да ја запознае Клаудија Кардинале и да разговара со неа, а на втората фестивалска вечер, во нејзина чест, надвор од официјална конкуренција, ќе биде прикажан нејзиниот најнов филм „Благородни лаги“, продукција на Поло Роси, а покрај продуцентот во Битола ќе пристигне и млада актерска екипа од овој филм.

Свечената церемонија вечера во Центраот за култура започнува во 20 часот..

klaudija2

 

klaudija4

klaudija1

 

Познатиот британаски кинематографер и оскаровец, Роџер Дикинс, заедно со неговата соптуга од вчера се во Битола, а вечер ќе ја прими наградата златна „Камера 300“ за животно дело.

На свеченото отворање, вечерва, исто така, на македонската актерка Милица Стојанова, ќе и биде врачена наградата „Голема ѕвезда“ на Друштвото на филмски работници на Македонија.

Специјалниот перформанс на гала вечерта е во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

„Тука во Битола кога една империја била во пелени, а друга на смртна постела, двајца браќа купуваат машина што произвдува магија. Машина што ја зграпчува стварноста. Шаховска игра со жива војска. Снимено лудило на дементен ѕвер. И еве не’ сега тука, на фестивал посветен на тие луцидни браќа“, вели режисерот Јаниќијевиќ, објаснувајќи го концептот на вечерашниот перформанс.

По свеченото отварање, премиерно ќе биде прикажан краткиот филм „Љубовникот“ на режисерот Игор Иванов Изи, а веднаш потоа, во чест на лауреатот Роџер Дикинс, ќе биде прикажан „Истребувач 2049“, кој токму за овој филм го доби престижниот Оскар, по 13 номинации.

39 то изданиена ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува под слоганот „Симнуваме капа“, а во 14 фестивалски програми ќе бидат прикажани 95 филмови. За трите награди, златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ за најдобар кинематографер ќе се натпреваруваат 12 филмови во официјална конкуренција, по избор на селекторот Благоја Куновски-Доре.

Фестивалот ќе се заврши на 29 септември со доделување на наградите од главната програма, а одлуката ќе ја донесе петчелно меѓународно жири, предводено од кинематограферката од Грција, Олимпија Митилинау.

Фестивалската завеса се спушта со проекцијата на филмот „Црниот Кју-кју клановец“ во режија на Спајк Ли и со краткиот филм „Скаут“ на Алекс Цветков, режисер од македонско потекло кој живее во САД.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани