2win800x200

Клаудија Кардинале се фотографираше со македонски крап

Септември 23, 2018

Ведрата и насмеана Клаудија Кардинале која е гостинка на ИФФК „Браќа Манаки“ , по прес-конференцијата дојде во бавчата на хотелот  Епинал и седна покрај аквариумите со риби. Додека уживаше во амбиентот забележа дека веднаш до неа има напис на кој пишуваше „Крап“на латаница на македонски и англиски јазик, па го зеде малото пано и почна да се забавува и да позира пред телефонот на нејзината придружничка.

Веднаш им се придружи директорката на фестивалот Гена Теодосиевска па го презеде телефонот да ги фотографира Италијанките.

received 909599595895189

Актерската  дива долго се смееше на позите, а нејзината идеја ги воодушеви и насмеа и присутните гости кои го пиеја претпладневото кафе и ја фотографираа

.received 2049885375324367

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани