2win800x200

Жешка есен во Општина Битола

Октомври 13, 2017

Жешка есен во Битола, не само поради локалните избори, туку и по високата температура нестандарднa за овој дел од годината.  Есен е, а во Битола како да започнува летото, температурата деновиве достигна до 22 степени Целзиусови, а топло време се очекува и во недела на денот на изборите. По гласањето ќе остане да се види дали битолчани со својот избор ќе донесат ќе лето или есен во општината. 

 

Ова очигледно е најтоплиот октомври во последните години, а 2017 -та една од најсушните во последната декада. Инаку, сушни години во Битола, според статистиката објавена од хроничарот д-р Александар Стерјовски, во неговата книга „Записи за злосреќи“ имало многу.

Во книгата како апсолутен максимум на температурите во Битола пред ослободувањето , барем за годините кога се вршеле мерења, се посочува 22 јули 1939 година кога температурата се искачила на 40,5 степени Целзиусови. Како сушни години во Битола се третираат и 1962, 1965,1974, 1977,1988, 1990, 1992, 1993, 2012 година  (со 40 до над 60 сушни денови)..

Според УХМР, апсолутен максимум за Битола бил измерен на 6 јули 1988 година. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани